Поранешниот шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор, ја коментираше можноста да се бори со непоразениот боксерски шампион, Флојд Мејведер.
Пред неколку дена Американецот ја навести за средбата, а во медиумите се појави информација за хонорарите на двајцата учесници – 100 милиони долари за Флојд наспроти 7 милиони за Конор.
„Слушнав дека спомена нешто за средба, но јас нема да се борам за 7 милиони долари. Сакам да добијам 100 милиони, во спротивно нема да има борба. Знам дека Мејведер има потреба од мене. Се уште сум млад, посилен и јас ги одредувам правилата. Тој има 39 и старее … Ако сака, нека ми се јави. Јас не држам до тоа дека треба да се борам со него, но може и да се согласам“, изјави Мек Грегор.