Мек Грегор до Хабиб: Ајде да направиме реванш! Не се плашам од тебе!

Конор Мек Грегор му понуди реванш на Хабиб Нурмагомедов.

Дагестанската ѕвезда го посети Торонто, каде што одржа јавен настан и зборуваше на многу теми. Нурмагомедов не пропушти да се пофали дека неговите борци моментално ги имаат титулите во лесна категорија на УФЦ и Белатор.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија реши да користи познат цитат на Мек Грегор. Во минатото, Конор постојано зборуваше дека е во УФЦ, не само за да се бори, туку и да го преземе врвот. Нурмагомедов рече дека тој и неговите луѓе го презеле врвот.

Очигледно Конор не бил задоволен од оваа изјава и му понудил реванш на својот ривал.

„Се борам! Планот на татко ти никогаш не беше завршен затоа што ти се откажа и побегна, брат. Господ да те благослови. Јас сум уште тука ако сакаш да го направиме тоа повторно.

Но, вашиот страв од пораз значи дека веќе сте изгубиле. Бегај од се што сакаш.

Сите губиме на крајот. Смртта ќе не однесе сите. Не се плашам од ништо освен од Бог“, напиша Мек Грегор за Хабиб.

Хабиб и Мек Грегор се бореа во октомври 2018 година. Нурмагомедов тогаш го заврши Мек Грегор во борба која стана најпродаваната во историјата на УФЦ. Две години подоцна, Хабиб објави дека се повлекува од ММА, а Мек Грегор продолжи да се натпреварува.

Нурмагомедов е дециден дека никогаш повеќе нема да се бори во кафезот. За жал, нема да видиме втора епизода од оваа расправија, која очигледно ќе продолжи се додека двајцата се живи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA ™ (@freak.mma)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIGHTING LTD. (@fighting.ltd)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON