Мек Грегор до Чендлер: Пијам по цел ден, но сепак ќе те претепам

Конор Мек Грегор се закани дека ќе го претепа Мајкл Чендлер.

Изминативе денови се зборуваше за борба меѓу нив во декември. Се шпекулира дека Мек Грегор и Чендлер ќе бидат предводници на настанот УФЦ 296 во Лас Вегас. Ова ќе биде последната гала вечер на УФЦ за 2023 година.

Конор и Мајкл беа тренери во 31-та сезона на Ултимејт фајтер. Веќе неколку пати ги видовме соочени. На социјалните мрежи Чендлер се пофали дека кампот за Мек Грегор ќе биде најдобриот во неговиот живот.

Конор брзо реагираше, што подоцна го избриша.

„Пијам секој ден, но сепак ќе те претепам“, напиша Мек Грегор, а потоа ја избриша објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON