Мек Грегор до Чендлер: Ќе правиш како што ќе ти кажам

Конор Мек Грегор е озлогласен валкан говорник. Некои би можеле да кажат и најдобар на сите времиња во УФЦ. „Озлогласениот“ уште еднаш предизвика контроверзии малтретирајќи го претстојниот противник Мајкл Чендлер.

Тие се соочија на ТУФ 31, каде што тренираат противнички тимови. Мек Грегор, кој отсуствува од октагонот речиси две години, конечно ќе се врати во УФЦ. Тој наесен треба да се бори со Чендлер.

34-годишниот Ирец е познат по своето озлогласено однесување и фрази. Неговите навреди често се спонтани и се чини дека доаѓаат од никаде, што ги прави неговите пристапи уште позабавни. Тој е несомнено најголемата ѕвезда во историјата на УФЦ.

За време на нивното соочување Мек Грегор прилично силно го турна Чендлер, предизвикувајќи тензија меѓу нив. Во друга прилика Мек Грегор рече дека сака да се соочи со Чендлер во средна категорија.

Чендлер одговори велејќи дека би бил подготвен да се натпреварува со него во средна категорија. Мек Грегор одговорил:

„Ќе правиш како што ќе ти кажам. Ова е мојата броба. Ова е мојата борба засекогаш“, изјави Мек Грегор.

Иако првично се веруваше дека ќе се соочат во полусредна категорија, се уште нема потврда. Дополнително, датумот и местото на нивната борба се уште не се познати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО