Мек Грегор: Бидете промената која сакате да ја видите

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор, е загрижен за она што се случува во САД во последните денови. Масовните протести избија откако пред една недела црнец почина како резултат на полициско насилство. Ова ги потресе САД, а во Минеаполис, каде што се случи инцидентот, луѓето излегoa од контрола, почнаа да палат згради и автомобили.

За среќа, таму се смируваат работите, но протестите се зголемија и во другите градови. Властите ги мобилизираа полицијата и војската за да се справат со она што се случуваше. И Џон Џонс се вклучи во спроведувањето на правдата и да ги олади страстите на младите луѓе кои беа подготвени за немири.

Мек Грегор одлучи да објави изјава на социјалните медиуми со која повикува на правда и на толеранција.

„Нема место за неправда, расизам и нетолеранција на овој свет! Навистина треба да слушаме и да учиме од оние што страдаат од болка. Бидете пример за промената што сакате да ја видите !!

Да се ​​молиме, да се надеваме и веруваме секој ден дека сето тоа е дел од Божјиот план да нè води кон подобра и посветла иднина. Бог да ги благослови сите!“, напиша Мек Грегор.

https://www.instagram.com/p/CA30LEGpNi0/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON