Хабиб Нурмагомедов синоќа славеше против Дастин Пориер со завршница во третата рунда, со што по втор пат ја одбрани титулата на УФЦ во лесна категорија.
Сето тоа не остана без реакција нанеговиот најголем ривал Конор Мек Грегор кој веднаш се огласи преку социјалните мрежи барајќи реванш против Нурмагомедов.
Мекгрегор веќе еднаш загуби од Хабиб, а Ирецот сега бара уште еден меч за да му докаже на Дагестанецот дека е подобар од него. И тоа на негов терен во Русија…
„Резервирај ми реванш меч во Москва“, напиша Мек Грегор.