Конор Мек Грегор наскоро се враќа во октагонот.
Најголемата ММА sвезда во голема мера се подготвува за пресметката, а тоа треба да се случи во јануари против Дастин Пориер.
Многу е можно оваа борба да биде за новиот шампион во лесна категорија, појасот што го остави Хабиб Нурмагомедов откако реши да се повлече.
Додека Дана Вајт се надева дека Хабиб ќе се врати барем уште еден меч, шансите засега се мали за тоа, така дефинитивно ќе добиеме нов шампион во лесна категорија.
Конор Мек Грегор е подготвен да биде тој. Денес спектакуларно го најави своето враќање во лесна категорија и верува дека ќе биде новиот крал.
Fresh out of the McGregor FAST Laboratory today. Full body composition scan complete and the results came back =
Lightweight Division incoming 👑 pic.twitter.com/4CiZOFkL2H— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 30, 2020