Рори Мекдоналд (20-5-1) ремизираше со Џон Фич (31-7-2-1 НЦ) во главната борба на Белатор 220 во Сан Хозе.
Со овој резултат Канаѓанецот ја задржа титулата во велтер категорија и се пласира во полуфиналето на Гранд прито каде што го чека Нејман Грејси.
Но, станува збор за поделена одлука. Еден судија му даде победа на Фич 48-46, додека другите двајца ја бодуваа борбата 47-47.
Мекдоналд по прогласувањето изјави дека веќе нема таков нагон за повредување на другите како порано и дека ќе мора да размислува за сè.
Фил Дејвис му ја скрши главата Лијам Мек Гери во третата рунда и го порази по втор пат човекот против кого и го освои појаост на Белатор појас во полутешка категорија.
Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Бенсон Хендерсон се намачи за победа со поделена одлука на судиите против Адам Пиколоти.
Илима-Леи Мек Фарлане со прекин во третата рунда поради исеченица ја одбрани титулата во мува категорија против Вете Вегеџ.