Мејведер би се вратил од пензија само за Мек Грегор

Floyd-Mayweather lezi na pari

Флојд Мејведер сериозно е загреан за можниот меч против Конор Мек Грегор, толку за да каже дека тоа е единствената борба поради која би ја прекинал неговата спортска пензија.

Флојд се повлече по победата против Андреа Берт, кон крајот на минатата година, а досега немаше сериозна изјави од него во врска со можното враќање, иако медиумите го ставаа во различни контексти. Но за конфронтација со Конор Мек Грегор изјави:

„Ако се вратам да се борам, тоа би било единствено за мечот против Мек Грегор, другите не ме интересираат. Но, и самата помисла на оваа средба е интригантна, боксер против еден од најдобрите борци ММА кога било. Тој е силен борец и кога сега ги гледам неговите борби, ми се чини дека е малку побрз отколку што мислев дека е“.

Се разбира, голема причина за враќањето ќе бидат парите, што значи сумата може да го надмине износот кој беше заработен минатата година, на средбата Мејведер и Мани Пакијао. И двајцата се кралеви на ППВ во своите спортови, па тоа не би требало да биде чудно.

„Сигурен сум дека можеме да ја надмине таа бројка. Доколку дојде борба, не се сомневам дека ќе имаме многу добар план. Се уште не се знае ништо, но јас и мојот тим веќе резервиравме некои датуми во различни градови, па ќе видиме што може да се направи“, додаде на крајот.

Мек Грегор на оваа тема не зборува многу, но сумата што може да ја заработи, најверојатно, би го привлекла. Дел од сумата би отишол и на УФЦ, бидејќи Ирецот има договор со нив, а Дана Вајт му рече на Флојд, доколку сака меч против Конор, прво мора да се обрати на него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON