Мејведер: Знаете дека му попуштав на Мек Грегор, за целата работа да изгледа подобро? (ВИДЕО)

 

Како одминува времето од боксерскиот мега меч меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, така познатиот боксер почесто во медиумите меѓу редови се обидувам да ја потцени изведбата на неговиот противник и да се создаде впечаток дека речиси во текот на целиот меч и опуштал на ирската ѕвезда.

Откако пред неколку недели во едно интервју рече дека речиси и да не тренирал за мечот против Мек Грегор, сега во изјава за „Fighthype“ рече дека во борбата му попуштал на Ирецот за да целата работа изгледа подобро.

„Сите протестираа заради мечот Мејведер – Мек Грегор? Зарем  не? Но, јас ќе ви ја кажам вистината, ќе ви ја кажам целата вистина. Знаете дека му попуштав на Мек Грегор. Знаете дека сакав тоа да изгледа добро за сите вас …“, признава Мејведер во видеото.

По средбата во која тој го победи со технички нокаут шампионот на УФЦ во десетата рунда, многу аналитичари сметаа дека Мејведер не се трудел доволно, пособено во раните рунди кои многумина ги бодуваа за ММА борецот. Како што одминуваше мечот, така поранешниот светски шампион го подигаше темпото за на крајот да салви во десетата рунда со прекин. Прво тврдеше дека се рабготи за смислена тактика за да го измори борецот кој никогаш до тоигаш не бил боксер. А сега тврди дека му попуштал на Мек Грегор, за да подбро да изгледала борбата.

Последните недели познатиот боксер повторно ја мами јавноста со видеа во кои е во полн тренинг. Неколку инсајдери потврдија дека не е исклучено ниту враќање во рингот и ниту реваншот против Мек Грегор, а всушнотс ваквото „валкано зборување“ може да биде вовед во такво нешто.

Потсетуваме дека Мек Грегор сè уште не ги договорил условите за враќање во октагонот. Иако требаше да се бори до крајот на 2017 година, сега е јасно дека тоа нема да се случи. Според последните проценки на неговиот тренер Џон Каванаг, Ирецот би требало во кафезот да се врати до половина на следната година. Но, со него никогаш не се знае …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON