Еден од најбогатите спортисти на светот, покрај тоа што заработува милински суми во боксот, во последните три недели е фатаморгана за кладилниците!
Познатиот боксер Флојд Мејведер се обложува, но се зборува дека е и во огромен профит. Имено, американскиот боксер покажа две ливчиња кои за три недели му донесоа заработка околу милион долари. Мејведер одигра два сингл натпревари во НФЛ, квотата изнесува близу 2.00 на едното, а двете ги погоди со хендикеп.
Типуваше дека Сиетл ќе ги совлада „Индијанците“ од Вашингтон со повеќе од 7 поени разлика, заврши со 27:17.
Тука можеби беше загрижен околу конечниот исход, но веројатно многу беше опуштен пред крајот на дуелот помеѓу Иднијана и Џексонвил. „Колтси“ ги добија „Јагуарите“ со 44:17, исто така хендикепот беше -7 на екипата од Индијана.
На овој вториот меч стави повеќе од 700.000 долари, додека на првиот имаше нешто повеќе од 220.000. Односно на околу милион долари, зема уште еден милион.
Тоа е тоа, човекот со богатство проценето на околу пола милијарда долари може да си дозволи обложувања на вакви суми.