Иако Ронда Русеј и Флојд Мејведер разменија доста зајадливи и провокативни забелешки преку медиумите, Мејведер се обиде да ја заштити Русеј по поразот минатиот викенд на УФЦ 193.
Непоразената боксерска икона рече во интервју дека не ги почитува луѓето кои постојано упатуваат навреди на адреса на Ронда по поразот.
„Јас не мислам дека е кул сето ова плукање во социјалните мрежи и медиумите. Луѓето треба да научат уште многу нешта. Не е нормално да те сакаат во петокот, а во неделата наутро веќе да те бомбардираат со негативни коментари и да прават шеги на твоја сметка. За вас може и да е забавно, но за мене не е. Никогаш не сум бил доведен во ситуација слична на нејзината, од лично искуство не знам што доживува Ронда во моментов. Но сигурен сум дека таа многу, многу силен човек кој има чувства“, објасни Мејведер.
„Сè во овој живот се случува поради некоја причина. Патот ни е предодреден. Јавно, во мојот случај, Господ рекол:„Не сакам Флојд да има загубен меч во кариерата“, но тоа не значи дека не сум претрпел порази во животот. Не зборувам за бокс, а за живот. Зарем кога ќе ја изгубите саканата, тоа не е губење? Мислам дека поразот на Ронда е само една лекција кој таа треба да ја прифати и научи. Верувам дека таа има доволно време и е во состојба да отскокне и повторно да се врати сензационално во ММА“.