Легендарниот боксер Флојд Мејведер вели дека е подготвен да се брои три рунди и на сон пред утрешниот егзибициски меч со јапонското кик бокс чудо Теншин Насукава во Саитама супер арена.
Тој не гарантира нокаут.
„Ако се случи – се случи“, изјави Мејведер и е категоричен дека самиот тој нема да падне во несвест.
„Во сите мои години во боксот никогаш не сум паднал на подот. Можам да се борам 3 рунди и на сон. На 31 декември само сакам да се забавувам“.
41-годишниот Мејведер се бори со 20-годишниот Насукава, кој забележува победи во кикбокс и ММА.