Освен меч против Хабиб Нурмагомедов, а за непоразениот боксер Флојд Мејведер не е проблем и реванш дуел со Конор Мек Грегор.
Мејведер би сакал да боксира против Ирецот за 300 милиони долари, а за истата сума е подготвен да влезе во рингот и со Нурмагомедов.
Американецот објасни зошто неговото долготрајно ментално здравје е поважно од заработката, поради што води само борби за кои знае дека лесно може да победи.
„Конор Мек Грегор не може да удира“, рече Мејведер.
Тој додаде дека и натаму тренира и вежба, и не е далеку од своите борбени вештини, но не звучи како приоритет.