Бизнис магазинот Форбс ја објави годишна листа на 100 најплатени спортисти во светот.
Како што се очекуваше, Флојд Мејведер по мега борбата со Мани Пакијао заработи најмногу. Меѓу првите 100 најплатените спортисти нема ниту еден ММА борец, ниту членови на УФЦ.
Последниот на листата, кошаркарот Џејмс Харден, заработи 18,8 милиони долари.
Ова е трет пат во четири години „Пари (Money)“ да е најплатениот спортист во светот. Тој заработи 285 милиони долари од договорот за борбата и 15 од спонзори. Тајгер Вудс 12 години по ред беше најплатен спортист од 2001 година и го држеше претходниот рекорд од 115 милиони заработени 2008 година (износот прилагоден на инфлацијате денес би бил 125 милиони). Мејведер, со своите 300 милиони го собори тој рекорд. Форбс ја спореди заработувачката на боксерот со оние на најбогатите менаџери. Мејведер да работи на Вол Стрит како хеџ фонд менаџер ќе биде пласиран на 14 место.
Вториот учесник во „Борбата на векот“, Мани Пакијао, е на второто место со 160 милиони долари. На трето место со двојно помала заработувачка е Кристијано Роналдо, кој заработи нешто помалку од 80 милиони долари.
- Флојд Мејведер 300 милиони долари
- Мани Пакијао 160 милиони
- Кристијано Роналдо 79,6 милиони
- Лионел Меси 73,8 милиони
- Роже Федерер 67 милиони
- Леброн Џејмс 64,8 милиони
- Кевин Дурант 54,2 милиони
- Фил Микелсон 50,8 милиони
- Тајгер Вудс 50,6 милиони
- Коби Брајант 49,5 милиони