Мејведер потврди: Апсолутно, сакам да се борам со Мек Грегор!

Mejveder Mek Gregor seriozni faci

Кога Флојд Мејведер беше запрашан дали сака да се сретне со шампионот во лесната категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, неговиот одговор беше краток и јасен: „Апсолутно“!

 Синоќа, за време на боксерскиот дуел меѓу Баду Џек и Џејмс де Гејл, Мејведер, кој беше меѓу гледачите, беше запрашан неколку прашања за Мек Грегор.

Боксерот рече дека е бизнисмен и дека овој дуел дефинитивно ќе донесе доста приходи. Тој додаде дека нема да му се врати на боксот, освен ако тоа не е против Мек Грегор.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, вчера ја предложи првата понуда за оваа пресметка – 25 милиони за секој од учесниците, но Мејведер се изнасмеа на овој предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON