Славниот и богат боксер си нема друга работа па си измислува како да си ги троши парите. Така, Флојд Мејведер, кој заработи преку 300 милиони долари минатата година, покажа дека за неговата „посебна фризура“ може да плати 1000 долари.
„Фризурата му ја средувам секој понеделник, среда и петок доколку тренира. Вообичаено е двапати неделно, но сè зависи од околностите“ – откри фризерката на Мејведер, Џеки Стар.
Фактот дека Мејведер се шиша двапати неделно, а можеби и повеќе, немаше да биде толку бизарен доколку имаше поинаква фризура.