Ресторанот Gerry’s Grill во Калифорнија му понуди бесплатна храна на Мани Пакиајо до крајот на неговиот живот, ако успее да го победи Флојд Мејведер. Тоа е добра зделка.
А режимот на исхрана на Мејведер? Тие се пример за не толку добра зделка.
Најбогатиот спортист на планетата се осигурува по сите основи за да победи на 2 мај. Хранењето е од исклучителна важност при тренинзите, затоа „Money“ е изнајмил приватен готвач, на кого му плаќа по 1.000 долари за приготвено јадење во неделите пред дуелот со Пакијао.
Правилно прочитав, не 1.000 на недела, не 1.000 на ден, туку 1.000 долари по оброк.