Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер видливо се финална фаза досклучување на договорот за меѓусебен дуел. Според зборовите на Флојд, веќе има потпишан договор од негова страна, но се чека и потпис на Мек Грегор, кој, сепак, го одолговлекува тој чин.
Иако до пред некое време Мек Грегор беше иницијаторот да се случи овој меч, сега дефинитивно улогите се сменија и Мејведер е многу поиницијативен.
„Многу лае, но не каса. Ако сакаш да касаш, потпиши го договорот. Немој да зборуваш глупости. Ако навистина сакате да се бориме, потпиши го договорот и битката ќе се случи“, рече Мејведер.
Сакам светот да сфати дека тој зборува само глупости и не сака да се бори. „Сакам да се борам. На Мејведер му е страв од мене. Сам сум шеф“. Тоа се глупости, кажани од него. Искрено не мислам дека тој навистина сака да се бори со мене. Нека го потпише договорот, нека го направи тоа“.