Мејведер ќе му помага на Џошуа за мечот со Фјури

Поранешниот петкратен боксерски шампион Флојд Мејведер изрази подготвеност да му помогне во подготовката на Ентони Џошуа за неговиот меч против Тајсон Фјури.

Тие потпишаа договор за две борби, во кој ќе бидат вклучени сите титули во тешка категорија.

Датумот и локацијата сè уште не се потврдени.

Мејведер рече дека редовно разговара со Џошуа и дека ќе биде повеќе од задоволен да му помогне да се подготви.

„Очекувам наскоро да соработуваме со Ентони Џошуа, разговараме цело време.

Неколку пати се сретнав со Тајсон Фјури – многу интересна личност, интересна за мене. Гледав можеби два меча – против Дионтеј Вајлдер.

Џошуа има многу искуство, исто и Тајсон. Но, мислам дека поразот на Џошуа му помогна да стане посилен. Ќе биде многу интересна борба, никогаш не знаете што може да се случи во боксот. Двајцата се одлични спортисти“.

Џошуа последен пат се бореше во декември, кога го нокаутира Кубрат Пулев во 9-тата рунда.

Фјури не влегол во рингот повеќе од една година, од февруари 2020 година, кога го победќи го Дионтеј Вајлдер во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON