Мејведер ќе го плати погребот на Џорџ Флојд (ФОТО/ВИДЕО)

Флојд Мејведер понуди да ги плати сите погребни трошоци за Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата во Минеаполис.

Немири и протести избувнаа низ САД по убиството на невооружениот Афроамериканец, како и мирни демонстрации против полициската бруталност.

Немирите во Албукерк, Ново Мексико ги смируваше и Џон Џонс, кој е незадоволен од односот на УФЦ кон него, најави дека ќе ја ослободи титулата во полутешка категорија.

https://youtu.be/XCKhzaMHZ00

Најбогатиот боксер на сите времиња понуди, а семејството ја прифати понудата на Мејведер да ги покрие трошоците за погребот.

Пензионираниот светски првак во пет тежински категории истото го направи и во 2011 година кога го плати погребот за Џенар Хернандез, кој почина од рак на 45-годишна возраст. Ернандез беше борец кој Мејведер го победи во својата прва борба за светската титула во 1998 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON