Мејведер: Ќе му залепам неколку шлакиници на Мек Грегор кога ќе го видам (ВИДЕО)

mejveder-so-prstite-na-glava

Веќе некое време се зборува за евентуален бокс меч меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер. Гласините се засилија откако УФЦ борецот добие бокс лиценца од државата Калифорнија.

Според Флојд, тоа е само трик за поголем публицитет на Мек Гергор, кој нема никаква намера да се бори со него.

„Токму така, јас не се борам во Калифорнија“, изјави Флојд, додавајќи: „Воопшто, тој зошто ја зема оваа лиценца“?

„Ќе ви го кажам следново. Едноставно, крева галама. Нема намера да се бори, бидејќи разговарав со неговиот шеф. Мек Грегор не сака да се бори, само сака да се прават приказни околу неговото име. Ме разбираш? Да остане важен. Тој не го сака овој меч. Тоа го прави ова за да си привлече уште повеќе приврзаници. Тој е паметен тип“.

Флојд исто така додаде дека „ќе го исшлака Мек Грегор, кога ќе го види“ поради сите глупости што ги изговорил Конор на негова сметка. “Ќе му залепам неколку шлаканици кога ќе го виде“, вети Флојд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON