Мејведер и Пакијао се најкоментираните спортисти

Mejveder go udira Pakijao

Боксерите Флојд Мејведер и Мани Пакијао се најкоментираните спортисти на социјалната мрежа „Фејсбук“ во годината што изминува.

 Двајцата учествуваа во „Борбата на векот“ во мај, а успехот на Американецот беше оспоруван од навивачите на интернет. Трета на листата на најмногу (о)зборувана е веќе поранешната ММА шампионка, Ронда Русеј, која го претрпе првиот пораз во кариерата.

 Во топ 5 уште се: Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а десетката се дополнува со Том Брејди, Стивен Кари, Леброн Џејмс, Серена Вилијамс и Карлос Тевез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО