Флојд Мејведер „од мечот на векот“ заработи 250 милиони долари, покажаа пресметките од дуелот кој се одржа на 2 мај.
Додека неговиот противник, Мани Пакијао,заработи за една стотка помалку,однонсо 150 милиони. Како што обајве ЕСПН тие двајцата се убедливо на врвот на спортисти со најголема заработка оваа година. Далеку зад нив е Лионел Меси со 56,3 милиони долари, па Кристијано Роналдо со 50,2 и двајцата Ф1 возачи, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.
Тука не се вклучени приходите од други основи, бидејќи само последниот месец Мејведер прикажа добивка од неколку милиони долари од обложување.
Инаку, конечните приходи од боксерскиот меч изнесуваат околу 500 милиони долари што значи дека организаторот поминал “најлошо”, со околу 100 милиони.