Мејведер: И должам на публиката за Пакијао, ова не може да биде дефанзивна борба

Флојд Мејведер и ветува на навивачите меч за извинување поради разочараувањето кое го донесе борбата со Мани Пакијао.

За најголем број на боксерските познавачи, Мејведер е голем фаворит пред оваа борба. Но светскиот првак признава дека го чека многу поголем предизвик отколку што се очекува во јавноста.

„Тој е доста помлад. И кога ќе погледнете, онака, на хартија, тој е и повисок, и има поголем распон на рацете. Поснажен е, и ја има младоста на својата страна. Веќе неколку години не сум во најдобра форма, влегов во четириесеттите. На хартија, Мекгрегор е во предност“, истакнува Мејведер.

Во февруари, Мејведер наполни 40.години, и повеќе пати призна дека најдобрите времиња се одамна зад него. И затоа признава дека Мекгрегор има свои шанси…

„Не сум истиот борец каков што бев пред две години.Не сум истиот и од пред пет годни. Загубив некој чекор. А борец како Андре Берто не би требало толку да го предизвика Флојд Мејведер. Но не заборавајте дека тогаш имав 38 години. Јасно е дека формата ми паѓа штом сум му дал на боксер каков што е Берто, било каква шанса“, нагласи Мејведер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON