Флојд Мејведер е исклучително богат човек, а во тоа и ужива, притоа вредноста на неговото богатство е во стотици милиони долари.
Една од скапоценостите е исклучително реткиот автомобил „Koenigsegg CCXR Trevita“. Во светот има само два такви, а едниот е во сопственост токму на Флојд. Се проценува дека цената му достигнува 6,7 милиони долари.
Поради една или друга причина, сепак, Американецот ја продава колата, а повеќе идеа за неа можете да добиете од следново видео:
Веста за ова дојде откако Мајкл Биспинг објави дека Флојд сака меч со Конор Мек Грегор, бидејќи неодамна бил измамен за огромна сума на пари.
Не е тајна дека евентуален меч меѓу него и Мек Грегор можеби ќе генерира рекордни приходи во историјата на боречките спортови.