Непоразениот боксер Флојд Мејведер го прифати предизвикот на Хабиб Нурмагомедов, актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија,кој исто така е без пораз.
Рускиот борец пред неколку дена го победи Ирецот Конор Мек Грегор со што успеа да ја одбрани титулата најдобар на светот, но и да предизвика голема внимание во јавноста, посебно со инцидентот по завршувањето на борбата.
Откако се смирија страстите, Нурмагомедов повторно го крена светот на нозе, бидејќи го предизвика Флојд Мејведер, кој е непоразен во 50 борби, а 27 завршија со нокаут.
Сите го чекаа одговорот од Американецот, кој конечно се огласи на Инстаграм и напиша дека телевизиите Си Би Ес и Шоутајм треба да се подготват за пренос, како и хотелот МГМ Гранд кој треба да им обезбеди сместување.
Напиша и дека сите можат да одат на профилот на Леонардо Елербе, каде е објавено видео од тоа како Хабиб го предизвикува Флојд.
На крајот порача: „Да го направиме Лас Вегас повторно голем“.
За потсетување, Флојд веќе боксуваше против УФЦ борецот Конор Мек Грегор и секако победи, а мечот беше според боксерските правила.
Оваа борба беше позната и како „Мани фајт“, бидејќи во игра вкупно беа повеќе од 500 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/Bo9QDzYAQOT/?utm_source=ig_embed
.