Мејведер го предизвика Коби Брајант на партија баскет на милион долари

Флојд Мејведер Јуниор сака да одигра партија баскет против легендата Коби Брајант, откако го предизвика на социјалната мрежа Инстраграм. Непобедениот боксер, а последниот меч му беше против Конор Мек Грегор, коментираше на публикација на НБА шампионот.

„Подготвен сум да играм со тебе – еден на еден на 1.000.000 долари“, напиша бокс ѕвездата но профилот на Коби. За разлика од боксерската средба со Мек Грегор, евентуалниот кошаркарски дуел со Брајант би изгледал сосема поразлично.

Флојд е висок само 173 сантиметри, додека Коби е 25 сантиметри повуисок од него. Не е јасно колку предлогот на Мејведер навистина е сериозен, но судејќи според зборот „готов“, се чини дека се подготвува за можен натпревар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON