Мејведер го победи Берто и го изедначи рекордот на Роки Марчијано (ВИДЕО)

Mejveder poda berto

Флојд Мејведер Јуниор се сретна со Андре Бертo и го победи на поени 120-108, 118-110 и 117-111, при што ја забележа 49 победа во кариерата без пораз.

Мејведер е шампион во пет ралични категории, ги одбрани титулите во ВБЦ и ВБА во велтер категорија и го израмни рекородот на Роки Марчијано, кој во тешка категорија забележа исто толку победи као и Флојд и во 1956 година се повлече.

Мечот помина како што се очекуваше – под целосен диктат на Мејведер, кој започна да работи со левиот директ уште на почетокот.

Во втората рунда Мејведер почна, буквално, да танцува околу неговиот противник и да му нанесува удари со левицата. Берто не можеше многу да направи. Во еден момент успеа да зададе неколку директи, но сепак Мејведер доминираше.

Дури во четвртата рунда Берто успеа да зададе добар удар, со кој го приклешти Мејведер до јажињата.

https://youtu.be/yV7MvPCC2dY

Потоа од аголот му сугерираа на Берто да биде поагресивен. Така и напрви. Започна да нанесува тешки удари со десната рака и повторно го притисна „Мани“ до јажињата, но не успеа да го загрози шампионот.

Кон крајот работите си дојдоа наместо – Мејведер покажа класа, ги избегна речиси сите удари и од време на време ќе влезеше да освои по некој поен. Берто го притискаше до јажињата со успех, но не правеше ништо суштинско.

На крајот на рундата Флојд Мејведер зададе два разорни аперкати кои го разнишаа Берто, но тогаш финалниот удар дојде откај гонгот и „Мани“ победи со судиска одлука.

По мечот Мејведер направи се опрости со фановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО