Поранешниот професионален боксер Флојд Мејведер Јуниор продолжува со најлудо трошење пари и по завршувањето на кариерата.
Само неколку дена откако објави видео како фрла банкноти na атрактивни танчерки во својот стан, Мејведер закачи слика, на која позира заедно со синот Амир пред луксузен автомобил. Кажува дека мерцедесот ес класа S65 AMG е во вредност 231.000 долари е подарокот за 16-тиот роденден на Амир.
„Среќен роденден, Амир. Те сакам шампиону“, напиша Флојд Мејведер.
Автомобилот е со моќност од 621 коњски сили и развива брзина од 299,3 километри на час.