Боксерската ѕвезда Флојд Мејведер кој победи во борбата на деценијата против Конор Мек Грегор и заработи преку 100 милиони долари, реши да ги почести своите приврзаници и тоа преку социјалната мрежа Фејсбук, организирајќи наградна игра.
Мејвердер на својата страница на Фејсбук побарал од фановите да го лајкуваат постот и потоа да го шернат кај своите пријатели и да ја напише својата локација и адреса, а тој на еден од среќниците ќе му поклони „мало богатство“ – десет илјади „зелени банкноти“.
За помалку среќните спремил екстра утешни награди – илјада ајфони.
Мејвердер е најбогатиот спортист, кој со еда борба заработува преку 100 милиони долари, а тој секојпат се фали со заработката сликајќи ги парите што ги освоил и споделувајќи ги по социјалните мрежи. Не е ни чудо што има прекар – „пари“.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=129388027689412&id=128643534430528
.