Флојд Мејведер демантира дека договорил мегаборба со Конор Мек Грегор и му кажа на Ирецот што треба да направи за да се случи големиот спектакл.
Медиумите од Велика Британија вчера објавија дека двете големи ѕвезди, ММА борецот Конор Мек Грегор и боксерот Флојд Мејведер конечно постигнале договор за долго најавуваната мегаборба.
Но по ваквите приказни се јави Флојд Мејведер кој демантираше дека е договорена борба.
„Иако кружат голем број на гласини дека во скоро време ќе имам борба, сакам да појаснам дека ниту јас, ниту пак некој од мојот тим постигнал договор за меч со некој друг борец”, напиша боксерот на социјалните мрежи.
„Во моментов сум среќно пензиониран и уживам во животот! Бидете сигурни дека јас ќе бидам тој што прв ќе ви каже доколку има некакви промени“!
Сепак, тој ја остава вратата отворена и со нова порака му порача на Конор Мек Грегор што треба да направи.
„Види, Конор Мек Грегор ако навистина сакаш да се бориме… среди го бизнисот со УФЦ и потоа твоите луѓе нека стапат во контакт со моите луѓе“.