Мејведер би се борел во ист ден и со Хабиб и со Конор

Суперборбата помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор летото 2017 година беше голем спектакл, Мејведер победи и стигна до јубилејната 50-та победа.

Конор сака реванш, а и публиката сака да види уште една борба меѓу нив. Мејведер, пак, е подготвен да оди чекор понатаму и да се бори со Хабиб Нурмагомедов.

Сега Мејведер изјави дека би се борел со Хабиб и со Конор во ист ден.

„Разговаравме дури и за тоа борбата со Хабиб и Конор да биде во ист ден. Со Хабиб би се борел преку ден, а со Конор навечер. Гледачите би платиле единствена цена, веројатно 250 долари, за да ги гледаат двете борби“, изјави Мејведер.

Секако дека станува збор за следење на натпреварите преку некој пренос на тв или интернет, додека влезниците за следење на борбата во живо сигурно би биле многу поскапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON