Во Струга се одржа 5.Меѓународен тренинг камп „Струга 2018“ изминатиов викенд.
На семинарот учествуваа 120 натпреварувачи од 5 држави: Украина, Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија, односно од 10 клубови – Партизан Краљево, Локомотива Вршац, Комбат самбо Софија, ЦСКА Софија, Тиват Тиват, СИА Ултрас Украина, Преспа Ресен, Сенсеи Радовиш, Миоки Скопје и домаќинот Дрим од Струга.
Всушност, овој семинар послужи како подготовка на нашите репрезентативци за Европското првенство за кадети од 30 јуни до 1 јули во Сараево, Босна и Херцеговина, и Балканското првенство за пионери 6-8 јули во Никшиќ, Црна Гора.
Со семинарот раковдеше Габриел Сапта, а му асистираа селекторот на пионерска репрезентација Ѓорги Стојанов, Игор Паскоски, Наде Ристова, бугарските мајстори Борис Борисов и Мартин Иванов – олимпиец на Бугарија.
Ipon.mk