Меѓународниот таеквондо турнир „Охрид опен 2022“ се враќа на сцената по двогодишна пауза

Меѓународниот ИТФ таеквондо турнир „Охрид опен 2022“ повторно се враќа на сцената по двогодишната пауза поради коронавирусот. Турнирот ќе се одржи на 25 јуни во Охрид и е во организација на Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец –Охрид.

Во 2019 година „Охрид опен“ имаше одлична посетеност од натпреварувачи од повеќе европски земји, како Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Австрија и Македонија.

Всушност ова е возобнвен на турнир што се одржуваше до пред неколку години. Организацијата е на Хва ранг ИТФ и тренерот Марјанчо Лазаревски. Се очекуваат натпреварувачи од повеќе европски земји, но и од други континенти.

Турнирот е убава промоција на Охрид како туристичка дестинација, што, всушност, беше така во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON