Меѓународната боксерска федерација (ИБА) отстранета од олимпиското семејство

Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја потврди одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за отстранување на Светската боксерска асоцијација (ИБА) од олимпиското семејство.

Судот соопшти дека ја одбил жалбата на ИБА со образложение дека организацијата не ги исполнила условите поставени од МОК за нејзино признавање.

Претседателот на ИБА, Русинот Умар Кремљев, во ноември изјави дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд на Швајцарија во случај на негативна одлука на највисокиот спортски суд.

Минатата година, ИБА го загуби својот статус во олимпиското семејство по долгогодишен спор поттикнат од неуспехот да се следат советите и упатствата од МОК, кој подолг период изразува загриженост за начинот на кој се раководи со ИБА, потпирањето на парите од руската државна енергетска компанија Гаспром, како и интегритетот на боксерските борби.

Боксот го задржа статусот на олимписки спорт на претстојните Игри во Париз, но МОК ќе ги надгледува квалификациите и турнирите за одличја без вмешаност на ИБА, како што беше случајот на претходните олимписки Игри во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON