Спектаклот Џошуа-Фјури ќе почека

Потенцијален британски бокс судир во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури нема да се случи пред февруари 2021 година. Се очекуваше дасе борат на крајот на годината, веројатно во Саудиска Арабија, доколку претходно победат во закажаните дуели.

На 20 јуни Џошуа ќе ја брани титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) против Кубрат Пулев во Лондон, но се чини дека средбата на ќе биде одложен до 25 јули поради коронавирусот, а можеби и за подоцна. Во меѓувреме, Тајсон Фјури имаше намера по трет пат да се соочи со Дионтеј Вајлдер на 18 јули, но борбата е одложена за 3 октомври.

Промоторот на Фјури, Френк Ворен изјави дека неговиот клиент повеќе нема да боксира во 2020 година, бидејќи му треба време да се правилно да се подоготви, што во моментов е тешко поради ширењето на коронавирусот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON