Александар Усик ќе се сретне со Дерек Чисора на 31 октомври, официјално објавија организаторите на мечот.
Тешкашкиот судир првично беше закажан за 23 мај, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусите. Тие ќе се соочат за нешто повеќе од еден месец, а сè уште не е официјално објавено каде ќе се одржи средбата.
Shamone Motherf*ckers! It’s on!!! Time to hit the accelerator not the breaks! #UsykChisora @skysportsboxing @dazn_usa 🇬🇧 pic.twitter.com/mrdECaqXqa
— Eddie Hearn (@EddieHearn) September 23, 2020
„Човек или си кажува себеси дека нема начин, или оди на работа и наоѓа начин. Затоа големо: „Ви благодарам!” за тимот на Усик и луѓето на Чисора за нивната трпеливост. Тоа ќе биде вистински спектакл и еден од најважните натпревари во тешка категорија во следните месеци. Видовме како импресивната победа на Поветкин ја разниша ситуацијата со предивикувачите“, коментира Еди Херн.