Гоце Јанески од БК Аперкат е прогласен за најдобар боксер на „Мечот на шампионите“ во Скопје. Тој го совлада Никола Арсов од БК Пинк Пантер со прекин на почетокот на третата рунда во единствената сениорска борба во категоријата до 75 килограми..
Во првите две рунди видовме добар бокс меч, а Јанески ја водеше борбата. Клучната предност ја направи во втората рунда кога зададе повеќе прецизни удари, крошеа и аперкати, Арсов се бранеше. Очигледна беше исцрпеноста на Никола и на почетокот на третата рунда ја предаде борбата.
Ipon.mk/В.Д.