Мечот меѓу Мејведер и Пакијао генерираше рекордни приходи! (ВИДЕО)

Mani u akcija

„Мечот на векот“ меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао генерираше рекордни приходи од платено телевизиско емитување pay – per – view во САД. Вкупната сума е 400 милиони долари, а вкупно 4,4 милиони домаќинства се преплатиле за да да го следат мечот во живо.

За да ја гледаат борбата со висока резолуција, тие што сакаа, требаше да платат по 99 долари на кабелските оператори. Се уште недостигаат прецизни пресметки какви се приходите од странство и од рекламирање, со нив се очекува износот да помине над половина милијарда.

Добивката од pay-per-view услугата за средбата меѓу Мејведер и Пакијао е речиси двојно повисока од претходно најдоброто достигнување кое беше од дуелот на Мејведер против Оскар де ла Хоја во 2007 година, кога 2,48 милиони домаќинства се преплатиле за дуелот. Приходите се речиси три пати поголеми во споредба со досегашниот рекорд од мечот меѓу Мејведер – Канело Алварез во 2013 година, кога износот беше 150 милиони долари.

https://youtu.be/VQpywUvQkv0

Поголемиот дел од овие приходи ќе биде поделни меѓу двајцата боксери. Мејведер ќе го прибере најголемиот дел питата, додека телевизиите кои го емитуваа натпреварот во САД, ќе поделат само 7,5 проценти од генерираните средства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON