Најдобриот хрватски борец на сите времиња, Мирко Филиповиќ , познат и како Кро Кап, на 31 декември треба да го брани појасот во јапонската организација Иноки геном федерација, кој го освои победувајќи го олимпискиот џудо шампион Сатоши Ишии.
Да потсетиме, Мирко во вториот рунда, во партер позиција, со лактот направи осекотина на главата на Ишии, заради што лекарот ја прекина борбата. Беше договорен возвратен меч меѓу Мирко и Сатоши, но минатиот месец тој беше доведен во прашање, бидејќи Ишии минатиот месец доживеа повреда на ребрата и го откажаа своето промотивно шоу во Јапонија за М-1. Водството на промоторската ИГФ во вторникот објави дека „ Кро кап“ ќе настапи во ММА меч на настанот за Нова година, додека поранешниот шампион УФЦ, Џош Барнет, ќе има меч во про- борење. Имињата на нивните противници не беа обелоденети.
Се очекува дека ИГФ на 1 декември ќе ја објави целосната листа на борци кои ќе се натпреваруваат во ММА и про- борење дисциплините.