Средбите во тешка категорија на Александар Поветкин против Дилиен Вајт и Александар Усик и Дерек Чисора ќе бидат откажани поради пандемијата на коронавирусот.
„Не знаеме колку долго ќе трае карантинот. Но, знаеме дека најуспешното сценарио за нас е дека битките во Велика Британија ќе почнат во јуни. Затоа мораме да ги преместиме мајските турнири за алтернативни датуми. Никој нема да направи ништо во мај“. рече промоторот Еди Херн за Boxing News 24.
Бorbата Поветкин – Вајт беше закажана за 2 мај во Манчестер, а мечот Усик-Чисора за 23 мај во Лондон.