Професионалната боксерска кариера на Дионтеј Вајлдер можеби е завршена откако го претрпе четвртиот пораз во пет борби, пренесува ТМЗ.
Сепак, тоа е најмалата грижа на „Бронзениот бомбардер“, бидејќи неговата вереница поднесе барање и доби забрана за приближување против него пред неговото враќање од Саудиска Арабија.
Вереницата вели дека ја малтретирал.
Неговата долгогодишна партнерка и свршеница Тели Свифт успешно издејствувала забрана за доближување, а на Вајлдер му била издадена забрана за доближување поради наводно семејно насилство. Како што пренесува Тели Свифт, а пренесува ТМЗ, славниот американски боксер ја давел најмалку пет пати, ја плукнал, барал сексуален однос повеќе од еднаш на ден против нејзина волја. Во една прилика Вајлдер толку долго гушел со перница Тели Свифт што таа за малку ќе се задушела. Засега ова се само наводите на неговата свршеница и се уште ништо не е докажано, ниту пак Вајлдер е законски осуден за ова насилство. Покрај сето ова, Вајлдер наводно имал и лаптоп во сопственост на Тели Свифт и без нејзина дозвола испраќал „вознемирувачки пораки“ до нејзините блиски луѓе.
Deontay Wilder's fiancée, Telli Swift, has got a temporary restraining order against the former Heavyweight champion after she claimed that he abused her on multiple occasions over the last six years.
"Swift accused Wilder of choking her 'at least five times' since 2018. She… pic.twitter.com/J6RJIX269B
— EverythingBoxing (@EverythingBoxi2) June 6, 2024
За почеток, тој налог за ограничување е издаден и Вајлдер не може да се приближи на 91,44 метри поблиску до својата вереница, но и до шестгодишната ќерка што ја има со Тели Свифт. Забраната е во сила до 25 јуни (шестиот месец), кога судијата ќе ја процени ситуацијата и ќе донесе нова одлука.
Покрај гореспоменатите случаи на насилство, Тели Свифт тврди дека Дионтеј ја избркал од нивниот дом во април оваа година, набргу откако била оперирана. Свифт е особено стравува откако Вајлдер се врати од Саудиска Арабија и моментално не е посветен на подготовките за претстојниот натпревар.
„Верувам дека Дионтеј е подготвен да биде физички насилен со мене откако ќе се врати во јуни, бидејќи веќе изрази колку е лут на мене од април, а беше физички насилен со мене во минатото“, рече Свифт.
Ова се тешки обвинувања за Дионтеј Вајлдер, а доколку се докаже дека е виновен, тоа навистина ќе биде најголемиот пораз за Дионтеј Вајлдер, не во кариерата, туку во неговиот живот. Сето она што го кажува Тели Свифт е навистина шокантно, но секогаш има и друга страна на приказната што треба да се каже.