Македонската џиу џица Федерација (МЏЏФ) на 17 јануари го одржа годишното Собрание на кое Ицо Колевски е избран за нов генерален секретар на Федерацијата.
Според приложените резултати за 2017 година, се избраа најдобрите: најдобар машки борец е Данил Николиски, најдобар женски борец е Катерина Ацевска и најдобар клуб е Осенсеи од Штип.
На Собранието претставници од сите клубови и од Битола, кој е кандидат за пристапување во Федерацијата. На Собранието имаше и официјален претставник од Агенцијата за млади и спорт, Мартин Несторовски.
Претседателот на Федерацијата, Александар Ацевски, го отвори Собранието иистакна дека бројките се импресивни, фактите неоспорни и дека 2017 година е најдобрата година по постигнати резултати од постоењето на Федерацијата. Тоа го поткрепи со повеќе документи и докази, а дел од нив се следниве: учество на клубовите на 8 меѓународни турнири, на 2 домашни турнира, Државно првенство и Скопје опен. Освоени се вкупно 208 медали – 67 златни, 67 сребрени и 74 бронзени. 112 наши членови МЏЏФ се стекнале со повисоки појаси во 2017 година, а доделени се и пет стипендии од Агенцијата за млади и спорт. Приемен е нов клуб во Федерацијата. Организирање 8-от „Скопје опен“ и учество на 220 борци од држави како Словенија, Турција, Африка итн. Организирање на Државно првенство со рекорден број на борци и клубови, како и натпреварување во две дисиплини–борби и не ваза. Одржан е летен камп во Грција со 20 учесници и тројца тренери. Освоено едно трето место на Светски куп, едно второ и три трети на Балканското првенство.
По оваа дискусија е усвоен годишниот извештај за работа на Федерацијата за 2017 година.
Разгледан и годишниот календар што го објави Европската џиу џицу Федерација и од него се утврдени следните турнири каде што клубови на МЏЏФ ќе земат учество и ќе се борат за едно од првите три места: Мимоза опен – 17 февруари, Марибор опен – 7/8 април, Будва опен – 12 мај, Видовдан опен – 16 јуни, Балканско првенство и Светски Куп – 21/22/23 Атина, Источно Сараево опен – октомври и Скопје опен – 11 ноември.
Дополнително ќе се одлучи за Европското првенство во У-15 во Холандија, како и за меѓународни турнири на кои Федерацијата зема учество, а не се во календарот, се однесува на турнири во Бугарија, Турција и Србија.
Како важен приоритет е потенцирано одржување на 7.Државно првенство, како технички организатор е посочен Нинџицу клубот Битола и неговиот тренер Сашко Мирчевски, со цел унапредување и омасовување на џиу џицата, како и подигнување на рејтингот на клубот.
Ipon.mk/В.Д.