Даниел Кормиер откри кога ќе се пензионира (ВИДЕО)

Даниел Кормиер уште еднаш докажа дека е најдобар борец во полутешка категорија совладувајќи го Волкан Оездимир на УФЦ 220. Сепак, тој цврсто е решен да се повлече од спортот штом ќе наполни 40 години.

„Кога станува збор за март, ми остануваат најмногу уште 12 месеци. До 20 март 2019 година ќе ја завршам кариерата и нема повеќе да се борам“.

„Ќе ја завршам кога ќе имам 40 години. Нема да се вратам, без оглед на условите, тоа е крајот“.

На прес-конференцијата по неговата последна битка, тој се заблагодари на семејството за поддршката што ја добивал во текот на овие години. Сега планира да плати за се и да почне да работи со следната генерација на спортисти од семејството Кормиер.

„Неколкупати сум велел дека имав неверојатна кариера. Го сакам секој момент од неа. Целото мое семејство секогаш се занимавало со спорт. Не само Селена и децата, туку и мајка ми и татко ми. Долго време бев во центарот и сега е време да ја предадам штафетата на Даниел и Маркита. Време е тие да станат нашата гордост. Сакам да бидам само еден од оние луди татковци, кои ги поттикнуваат децата за време на натпреварот и потоа се фалат со нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО