Маурициус пристигна за џиу џицу турнирот „Скопје опен 2017“ (ФОТО)

На овогодишниот Меѓународен џиу џицу турнир „Скопје опен 2017“ ќе има учесници и од егзотичниот Маурициус во Африка. Гостите од оваа земја денска пристигнаа во Скооје и имаа прием кај пртеседателот на Македонската џиу џицу федерација Александар Ацевски.

„Остваривме работна средба со претставниците од Маурициус цу џицу федерацијата. Разговаравме за џу џицу спортот и за продлабочување на соработаката меѓу двете Федерации и покрај оддалеченоста“, изјави Ацевски по средбата.

Џонатан Чарлот е првак на Африка, а учествуваше и на Светските боречи игри во Вроцлав, Полска, ова лето. Тој и неговите сорепрезентативци вечерва одржаа тренинг со нашите претставници на Скопје опен 2017.

Тој истакнува дека оваа репрезентација по турнирот во Скопје паузира три недели, а потоа заминува на Светското првенство во Богота, Колумбија

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON