Маурицио Руа сака уште две борби пред да се повлече

Легендата на ММА, Маурицио „Шогун“ Руа изјави дека сака да направи две борби во УФЦ пред да се повлече од спортот.

Последниот меч на Шогун беше во ноември 2020 година на УФЦ 255 против Пол Крег. Тој загуби со предавање од удари во втората рунда. По поразот претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека поранешниот шампион во полутешка категорија треба да се повлече од ММА.

Сепак, Бразилецот сè уште не се согласува на овој потег.

„Сакам да направам уште две битки и да престанам. Тоа е мојата цел. Да направам уште една или две битки. И тогаш кога ќе застанам, ќе бидам среќен со себе и ќе му бидам благодарен на Бога. Ќе ја завршам кариерата добро. Само страв ми е да престанам и потоа да жалам што прекинав рано. Но, ако направам уште два меча, нема да го имам овој проблем“, изјави Руа.

39-годишниот Бразилец помина низ сè во ММА. Се натпреваруваше во Јапонија во Прајд ФЦ, каде ја освои Гран прито во средна категорија во 2005 година. Потоа потпиша со УФЦ и започна да се натпреварува во полутешка категорија. Таму стана шампион во 2010 година кога во првата рунда го нокаутира Лиото Мачида. Шогун ја загуби титулата во нивната следна битка против Џон Џонс, а оттогаш е променлив во настапите,победите и поразите се најизменични. На последните 5 средби во УФЦ, Руа победи на 2, загуби 2 и една заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО