Ветераните од Бразил Маурицио Руа и Антонио Ногеира се бореа во подглавната битка на настанот, што се одржува во Абу Даби. Тоа беше трилогија меѓу двајцата борци кои во минатото се бореа двапати, а Руа победи со одлука на судиите, како и во трилогијата.
Не ги разочараа фановите и влегоа во силна размена на удари. „Шогун“ фросираше удари во коленото на Ногеира, кој првично се бореше трпеливо и не брзаше. Кон крајот на првата рунда, Антонио подиве и двајцата разменија сериозни удари. Руа успеа да ја пренесе борбата на партер и рундата заврши.
Во втората и третата рунда Руа не ја изневери својата тактика да го напаѓа коленото на сонародникот. Видовме уште неколку размени на удари во кои Руа имаше подобри моменти. Нивната средба стигна до одлука на судиите која беше поделена во корист на Маурицио Руа – (29-28, 28-29, 29-28).
Со оваа победа „Шогун“ влегува во серија од две последователни победи и може да се пофали со три победи над Ногеира. Антонио влезе во серија од два последователни порази и се повлече од ММА.
https://www.instagram.com/p/CDFsXirpAOz/?utm_source=ig_embed
🚨 #UFCFightIsland3 main card result..
Mauricio Rua def. Antonio Rogerio Nogueira via split decision (29-28, 28-29, 29-28)
LISTEN LIVE NOW ⬇️
📲 → https://t.co/ySzYq6wKWH
📻 → https://t.co/cj37eETTlG pic.twitter.com/QmRTtcPm8o— talkSPORT 2 (@talkSPORT2) July 26, 2020