Матеј Белистојаноски повторно демонстрираше врвна форма и на Гранд при Словачка освојувајќи два медала – златен и сребрен.
Нашиот каратист настапи во две категории за да има што повеќе борби. Во категоријата до 55 килограми во јуниорска конкуренција беше втор, а во – 60 во У-21 го освои златниот медал.
По успехот на Гранд при Кроација и сега во Словачка, Белистојаноски навестува дека на Европското првенство за кадедти, јуниори и У-21 ќе се претстави во најдобро светло и ќе атакува на медал.
-60 кг U-21
Матеј Белистојаноски – Доминик Свиталски (Полска) 3-0
Матеј Белистојаноски – Глеб Ломовацки (Унгарија) 3-2
Матеј Белистојаноски – Марсел Сабо (Унгарија) 3-2
Финале
Матеј Белистојаноски – Бартош Војцичовски (Полска) 1-0
-55 кг јуниори
Матеј Белистојаноски – Балша Војиновиќ (Црна Гора) 1-0
Матеј Белистојаноски – Адам Хамил (Шкотска) 2-0
Матеј Белистојаноски – Велин Иванов (Бугарија) 7-0
Финале
Матеј Белистојаноски – Камил Милски (Полска) 0-2