Матеј Белистојаноски и Бојан Костов во У-21 се закитија со сребро и бронза на Кроација Гранд при

Матеј Белистојаноски и Бојан Костов од Олимпик спорт го заокружија настапот на македонските каратисти во У-21 на силниот Меѓународен турнир Карате Гран при Хрватска во Самобор, со сребрен и бронзен медал. Така македонските каратисти досега освоија 8 медали – 1 златен, 4 сребрени и 3 бронзени.

Белистојаноски во финалето загуби од Павле Дујаковиќ од Босна и Херцеговина 3-4, додека Бојан Костов во борбата за бронзата славеше против Ноа Румењак од Хрватска со 2-1.

Претходно медали освоија: Витомир Трајковски (-84 кг, Макпетрол) златен, Андреј Ангеловски (-84 кг, Олимпик спорт) сребрен, Сетфан Стојмиров (-67 кг, Ботони) сребрен, Стефан Стојановиќ (+84 кг, Макпетрол) сребрен , Рудина Алиу (-61, Цветан Димов) и Викторија Јовановска (-61 кг, Мапетрол) бронзени.

За многу репрезентации ова е последен тест пред Европското првенство за кадети, јуниори и до 21 година кое на почетокот на февруари се одржува на Кипар.

Резултати У-21:
-60 кг
Матеј Белистојаноски – Данило Колодиежњи (Украина) 1-0
Матеј Белистојаноски – Кристијан Топличанец (Хрватска) 3-1
Матеј Белистојаноски – Марсел Сабо (Унгарија) 3-1
Финале
Матеј Белистојаноски – Павле Дујаковиќ (БиХ) 3-4

Бојан Костов – Нино Донадиќ (Хравтска) 3-1
Бојан Костов – Адам Бугош (Словачка) 4-0
Бојан Костов – Павле Дујаковиќ (БиХ) 1-2
За бронза
Бојан Костов – Ноа Румењак (Хрватска) 2-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON